Бразилскиот ММА борец Алекс Переира е нов шампион во УФЦ во средна категорија, откако во спектакуларен меч во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк со нокаут го победи досегашниот владетел во оваа категорија, Исраел Адесања.
Во мечот кој траеше пет рунди, Адесања доминираше во првите четири рунди и имаше голема предност пред стартот на последната делница, но се случи пресврт. Переира реши да ризикува во последната рунда, тргна премногу фајтерски и тоа му се исплатеше. Во еден момент Бразилецот му зададе лево кроше на борецот кој атакуваше на шеста одбрана на титулата и тоа беше најава за пресврт.
Нигерискиот борец беше разнишан, Переира продолжи со силните удари, па судијата едноставно мораше да ја прекине борбата, а Бразилецот стигна до шампионскиот појас во само четири борби во УФЦ.
Alex Pereira ends the Israel Adesanya reign pic.twitter.com/ONEgbNmUY2
— Troydan (@Troydan) November 13, 2022