Неверојатен резултат на фудбалски натпревар во Шпанија: Играчите го молеле судијата да отсвири крај

Не е невообичаено натпреври од младинските категории да завршуваат со висок резултат и многу голови, но информацијата која пристигнува од Шпанија е за неверување. Меч од младинските категории завршил со резултат од 41-1, а домашните фудбалери го молеле судијата да го прекине мечот, но тој одбил.

Натпреварот се играл двапати по 40 минути, а гостите доаѓаат од мало место само со 5.000 жители и имаат лимитиран број играчи.

„Не сакавме ниту да играме. Ги ротирав играчите, сите напредуваа, но не сакавме да играме“, вели тренерот на Хихон, кој го доби мечот со неверојатен резултат.

Резултатот по првото полувреме бил 17-0 за домашните, но главниот судија не сакал ниту да слушне да отсвири крај предвреме или да го прекине мечот на паузата.

„Се трудиме да ги охрабриме децата колку што можеме, но едноставно ги губиме секојдневно. Ваквите натпревари ги деморализираат. Меѓутоа продолжуваат да доаѓаат на тренинг со голем ентузијазам, но што и да правиме, резултатите остануваат исти“, велат од раководството на поразената екипа.

- Оглас -

Најнови вести