Неверојатен спринт на играчот на Баерн: Трчаше со 35,6 км на час, и тоа на снег (Видео)

Баерн Минхен синоќа на свој терен беше изненаден од Арминија Билефелд и одигра само 3:3 во меч од германското првенство. Баварците дури може да бидат задоволни од освоениот бод затоа што на полувремето губеа со 0:2, а во еден дел од вториот дел имаа негатива од 1:3.

Покрај шесте погодоци, мечот ќе се памти и по тешките временски услови затоа што целиот терен беше прекриен со снег. И во едни такви тешки услови за игра, бекот на Баерн Минхен, Анфонсо Дејвис, покажа дека знае одлично да се снајде. При резултат 1:0 за гостите, Арминија тргна во контранапад и делуваше дека гостинскиот играч ќе дојде до топката, кога од заднина спринтуваше Дејвис.

Неверојатно како Дејвис успеа за толку кратко да го претрча противникот и да ја освои топката, а со тоа и да ја расчисти опасноста. Германските медиуми пресметаа дека Дејвис во спринтот кој го направи трчал со брзина од 35,6 километри на час.

 

- Оглас -

Најнови вести