Неверојатен трансфер: Од Раднички Крагуевац во Сандерленд за 3,7 милиони евра!

Екипата на Раднички од Крагуевац го направи најголемиот трансфер во историјата, откако денес го продаде младиот Милан Алексиќ на Сандерленд за 3,7 милиони евра, сума која воопшто не е мала за овие простори.

Екипата од Крагуевац ќе има и процент од следниот трансфер на 18-годишниот фудбалер, кој во екипата на Раднички мина само една сезона, откако минатото лето си замина од младинците на Партизан, откако не доби повик за настап во првата екипа.

Алексиќ се најде и на списокот на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, за натпреварите од Лигата на нации и дуелите против Шпанија и Данска.

- Оглас -

Најнови вести