Неверојатен викенд во Sport Life: Пет гола во дополнителното време и натпревари без никаква драма донесоа големи добивки во Охрид, Струмица и Тетово (Фото)

Луди тикети со високи добивки од Sport Life ни пристигнуваат од ширум Македонија. Убав пример како со мала уплата и едноставни игри може да се добие голема сума пари.

СО 70 ДЕНАРИ ДО 2.000 ЕВРА И БЕЗ МНОГУ ДРАМА, НО СО МНОГУ ГОЛОВИ ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

Неверојатен тикет ни пристигнува од уплатното место Бараки во Охрид. Редовен играч на Sport Life со уплата само од 70 денари и четири натпревари на тикетот си доби 2.000 евра. На тикетот беа одиграни четири натпревари, три од германската втора лига и еден од првенството на Белгија, сите на иста игра – 3+ во првото полувреме.

Натпреварите се играа во исто време, односно вчера во 13.30 часот, а добивката од 122.298 денари беше обезбедена во 43-тата минута. Прв заокружен натпревар на тикетот беше дуелот Регенесбург – Хамбургер, на кој третиот погодок во првото полувреме беше постигнат во 30-тата минута за водство на гостите од 0-3.

Следуваше дуелот од белгиското првенство Антверпен – Бриж, на кој во 36-тата минута домашните намалија на 1-2, а само една минута подоцна, односно во 37-мата минута Хајденхам дојде во водство од 1-2 на гостувањето кај Падерборн.

Во овие моменти се чекаше само погодок на натпреварот во Хановер, каде што веќе беше 2-0 за домашните. Во 43-тата минута Дармштад намали на 2-1 за голема радост во Охрид.

МАЈСТОР ОД СТРУМИЦА ПОГОДИ ДЕСЕТ ПОБЕДИ И СО 100 ДЕНАРИ СИ ЌАРИ 2.500 ЕВРА

Мајсториски тикет одигран во Струмица донесе 2.500 евра со уплата само од 100 денари. На тикетот беа одиграни 10 натпревари, од кои девет за победа на домашните екипи и само еден натпревар на победа на гостите. Сите натпревари без поголеми драми завршија како што имаше одиграно играчот и беа заокружени на тикетот.

Но, да одиме по ред. Прв натпревар на тикетот беше дуелот од Бундеслигата помеѓу Унион Берлин и Фрајбург, кој го добија домашните со 4-2 откако имаа водство од 3-0 на полувремето. Следуваа два дуели од 16.15 часот. Осасуна со 3-1 ја совлада Алмерија, а Фрозиноне со 3-2 славеше над Џенова. Иако резултат покажува дека било неизвесно, сепак домашните имаа сигурно водство и голот за 3-2 го примија во судиското продолжение.

Немаше никакви проблеми ниту на натпреварите од 16.30 часот. Во португалското првенство Шавес рутински го совлада составот на Пасош де Фереира со 2-0, додека Чукарички беше убедлив против Нови Пазар со 4-0. Стразбург немаше поголеми проблеми против Ница и победи со 2-0, додека единствената „двојка“ на тикетот започнуваше во 17.30 часот и без проблеми заврши со гостинска победа на Норкопинг од 1-3.

И екипата на Виљареал победи убедливо со 5-1 против Атлетик Билбао. Најмногу возбудувања имаше на претпоследниот натпревар на тикетот. Славија Софија единствениот погодок за победа над Ботев го постигна во 69-тата минута. За крај остана да се чека победа на Цеље против Копер, која беше остварена без проблеми и со 2-0 за домашните.

ПЕТ ГОЛА ВО СУДИСКОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ ДОНЕСОА ГОЛЕМА ДОБИВКА ВО ТЕТОВО

Неверојатен добитен тикет е уплатен во Тетово со 15 натпревари одиграни на 3+ и распоредени од петок до недела. „Инфаркт“ тикетот излезе со многу мака, голови, пенали и автоголови беа постигнати во дополнителното време за игра за голма радост кај редовниот играч на Sport Life од Тетово.

Сепак, тикетот започна лесно. Двата натпревари од петокот излегоа без проблем. Ленс во 55-тата минута имаше водство од 2-1 против Ремс, додека Лацио во 51-вата минута губеше од Лече со 1-2.

Возбудлива беше саботата бидејќи дури четири натпревари беа решени во судиското продолжение. На дуелот Лидс – Њукасл немаше проблеми бидејќи гостите водеа со 1-2 во 69-тата минута, но за вториот натпревар од Премиер лигата на тикетот да се заокружи се чекаше пеналот на Хари Кејн во 90-тата минута, со која го ублажи поразот на Тотенхем од Астон вила со 2-1.

Третиот погодок на натпреварот од португалското првенство помеѓу Спортинг Лисабон и Маритимо беше постигнат во 93-тата минута, додека на дуелот Портимоненсе – Бенфика немаше никакви проблеми бидејќи гостите во 38-мата минута имаа водство од 1-2.

Во белгиското првенство лесно беше заокружен натпреварот Серкл Бриж – Гент, на кој гостите дојдоа до водство од 0-3 во 64-тата минута, а така не беше на дуелот Стандард Лиеж – Вестерло, на кој третиот погодок се чекаше сè до 92-рата минута.

Бундеслигашите одиграа коло со многу погодоци, но натпреварот Волфсбург – Хофенхајм излезе дури во 93-тата минута, кога домашните си постигнаа автогол за 2-1. Без проблеми мина дуелот Ајтрахт – Мајнц, на кој домашните имаа водство од 3-0 уште во 59-тата минута.

Преостанатите три натпревари од саботната програма минаа без поголеми драми. Молде водеше против Стромгодсет со 2-1 во 67-мата минута, Бодо/Глимт уште по првиот дел имаше водство од 2-1 против Розенборг, додека Интер во 58-мата минута дојде до водство од 3-0 против Сасуло.

Вистинските возбудувања следуваа во неделата. Се чекаа уште два натпревари од англиската Премиер лига. Манчестер сити без проблеми имаше водство од 0-3 против Евертон во 51-вата минута, но третиот погодок на дуелот Арсенал – Брајтон се чекаше сè до шестата минута од судиското продолжение.

Тикетот уплатен само за 50 денари, на крајот донесе добивка од 86.185 денари во Тетово.

- Оглас -

Најнови вести