Неверојатни потези: Кошаркарот на Мемфис е од друга планета (ВИДЕО)

Џа Морант, кошаркарот на Мемфис гризлис, имаше неверојатна партија во победата на својот тим над Лос Анџелес лејкерс од 127:119.

Морант постигна 16 поени, а имаше и пет скокови и седум асистенции, но најубавите потези на средбата му припаднаа токму нему.

Тој имаше неверојатна блокада, и тоа со две раце над Ејвери Бредли.

Потоа имаше одлично забивање, каде што скокна толку високо, што мораше да ја помрдне главата за да не се удри во обрачот.

- Оглас -

Најнови вести