Интер Мајами и Лионел Меси денес го одржааа првиот тренинг во Хонг Конг, што е само попатна станица на азиската турнеја. Екипата од МЛС лигата утре ќе игра против селекцијата од Хонг Конг, а на денешниот официјален тренинг имаше преку 40.000 гледачи.
Навивачите буквално полудеа по ѕвездите на Интер Мајами, па тренингот мораше да биде прекинат после само 40 минути, бидејќи навивачи започнаа да ја прескокаат оградата во обид да дојдат до автограм или фотографија со Лионел Меси и неговите соиграчи.
Asistieron ¡40.000 PERSONAS! al entrenamiento abierto de Inter Miami en Hong Kong.
Messi es la persona más popular del planeta. pic.twitter.com/I3fnaPdOmU
— Messismo (@Messismo10) February 3, 2024