Неверојатни цени на билетите за првиот меч на Лејкерс по смртта на Коби Брајант

Натпреварот од НБА-лигата помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Портланд трејблејзерс, кој ќе почне утре наутро во 4.30 часот по македонско време, ќе биде спектакл посветен на Коби Брајант. Ова е прв меч за Лејкерс во нивниот „Стејплс центар“, салата во која Брајант се прослави и како домашен кошаркар играше 20 години и му беше втор дом.

Емоциите за најголемиот во историјата на Лејкерс, кој загина на 41-годишна возраст, ќе експлодираат, многумина сакаат да бидат присутни таму. Затоа и цените на билетите скокнаа „до небо“. Ако сакате да гледате ЛА лејкерс – Портланд, ќе треба да платите минимум 750 долари. Тоа е најевтиниот билет кој може да се најде, а најскапите за најубавите места се по цена од дури 6.534 долари. Некои влезници за местата покрај клупата на Лејкерс пред некој ден беа продадени за фантастични 11.000 долари.

Инаку, за „нормални“ мечеви од регуларната сезона, просечната цена е 200 долари. Кога Коби го играше последниот меч во НБА, на 13 април 2016 година, најниската цена на билетите беше 970 долари. Некои од сајтовите кои продаваат билети најавија дека парите од продажбата ќе ги донинираат за семејството на Коби.

- Оглас -

Најнови вести