Фантастичниот француски пливач Леон Маршан на најдобар можен начин го заврши својот настап на ЛОИ 2024. На трката 200 метри мешано, Маршан вечерва освои нов златен медал и да го сруши рекордот на легендарниот Мајкл Фелпс. Маршан имаше време од 1:54.06 минута што беше доволно за вкупно четврто злато на Игрите во Париз.
Претходно Маршан беше најдобар и на трките на 400 метри мешано, 200 метри градно, 200 метри делфин. Откако победи вечерва и стигна до четвртото злато, огромна беше радоста не само на гледачите покрај базенот, туку и на тие кои беа на стадионот „Стад Д Франс“ кои го следеа мечот меѓу Франција и Аргентина.
LISTEN TO THIS!
At Stade de France the crowd has just learned 🇫🇷 Léon Marchand won a fourth gold medal at the pool. A spontaneous roar broke out.
And they had to delay the start of a race because of it. I have chills. pic.twitter.com/hHJi7FJsHN
— Devin Heroux (@Devin_Heroux) August 2, 2024