Неверојатен натпревар се одигра во женската ракометна лига во Босна и Херцеговина, во кој се постигнаа вкупно 96 погодоци. Домашниот тим Катарина славеше со 63:33 против Храшице, победата е повеќе од убедлива со +30 гола предност.
За екипата на Катарина три ракометарки завршија со двоцифрен учинок, најмногу гола (16) реализира Трбоња, Чипетиќ застана на 13, еден помалку постигна Милановиќ. За гостите најефикасни беа Хасибовиќ со 12, односно Хоџиќ со 10 погодоци.