Неверојатно: Еден човек во октомври 2019 предвиде дека Денвер во 2023 ќе ја освои титулата во НБА!

Американецот Мајк Џонс може да се пофали дека е првиот човек кој предвиде дека Денвер нагетс ќе ја освои титулата во НБА-лигата во 2023 година.

Тој во една своја објава на „Твитер“ на 19 октомври 2019 година напиша: „Сега е 2023 година. Денвер нагетс само што ја освои НБА-лигата“.

Овој „твит“ стана популарен неодамна, кога се виде дека Денвер има шанса да го оствари предвидувањето на Мајк. Откако Нагетс рано утрово навистина станаа шампиони за 2023 година, објавата од 2019 стана уште попопуларна и на адреса на Мајк стигнуваат многу честитки.

- Оглас -

Најнови вести