21.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Неверојатно: Љоренте има 7 голови во ЛШ, а четири му се на „Енфилд“ во Ливерпул

Неверојатна е голгетерската статистика на Маркос Љоренте во Лигата на шампионите. Од седумте погодоци кои ги има во најсилното клупско натпреварување, дури четири му се на гости против Ливерпул.

Љоренте двапати дава по два гола на „Енфилд“. Првиот пат во 2020 година и тоа беше доволно за победа, но синоќа не, Атлетико беше поразен.

Имавме колективна цел да победиме и ништо не значи ако постигнете два гола, а потоа да примите три. Не можам да си заминам среќен ако тимот губи. Многу е тешко да се надмине дефицитот од 0-2 на Енфилд, поразот е болен, изјави Љоренте, кој придонесе Атлетико од 0-2 да дојде до 2-2, но примија гол во 92-рата минута, со кој си заминаа без бод. 

- Оглас -

Најнови вести