Неверојатно: Милер по 23 години си заминува од Баерн Минхен?!

Според информациите на германскиот весник „Билд“, Томас Милер по 23 години ова лето ќе го напушти Баерн Минхен и ќе има нов клуб. Легендарниот играч на Баварците наводно не бил задоволен од моменталната ситуација во клубот, лошата форма, но и лошата атмосфера. Неговата желба била да игра во клуб кој ќе се бори за сите трофеи а изборот е помеѓу Лајпциг и Борусија Дортмунд.

Томас Милер во Баерн Минхен е од 2000 година, од својата 10-годишна возраст и во овие 23 години освои сè што можеше да се освои. Оваа сезона во дресот на Баерн одигра 37 натпревари на кои постигна 7 гола, а 11 пати асистираше.

- Оглас -

Најнови вести