Познато е дека Челзи на првиот собир оваа сезона имаше преку 40 фудбалери кои се под договор со клубот. Сопственикот на клубот, Тод Бојли, како на видео-игра купува фудбалери, па затоа и не е изненадување ако се погледнат платите во редовите на „сините“.
Убедливо на првото место е Рахим Стерлинг, фудбалер кој минатата сезона беше позајмен во Арсенал, а сега е ставен на трансфер-листа, додека најдобриот фудбалер на „сините“, Кол Палмер, е на деветтата позиција.
Колку за споредна, Стерлинг има годишна плата од 19,6 милиони евра, а Палмер „само“ 7,7 милиони евра годишно.