Швајцарецот Беат Фојц победи на легендарната спуст патека во Венген, и ги израдува домашните фанови, а локалните навивачи се радуваа и во италијанскиот ски центар Сестриере, каде Федерика Брињоне заедно со Петра Влхова освоија по 100 бода на велеслаломот.
Во неверојатна драма во Сестриере, Брињоне и Влхова имаа идентично вкупно време после двете возења, а трета беше несреќната Американка Микаела Шифрин која заостана само една стотинка, и освои само 60 бода, со кои сепак ја задржа убедливата предност во генералниот пласман.