Во НБА-лигата не е првпат судиите да донесат во најмала рака чудна одлука во некоја ситуација, а синоќа арбитрите на мечот Денвер – Индијана, ни крив ни должен, го исклучија Остин Риверс од Нагетс за еден многу спорен момент.
Риверс во обид да добие простор, само го допре Стивенсон по брадата. Судиите дури и гледаа снимка и му доделија техничка на несреќниот Риверс, негова втора на мечот, и за него средбата беше завршена.
https://twitter.com/i/status/1509369497869824000
Никола Јокиќ во победата придонесе со 37 поени, 13 скока и девет асистенции, а слични бројки имаше и Лука Дончиќ, кој во победата на Далас над Кливленд имаше 35 поени, 13 асистенции и девет скока.