Црногорскиот дефанзивец Стефан Савиќ беше еден од играчите кои го предизвикаа хаосот на „Ванда Метрополитано“ за време на средбата Атлетико Мадрид – Манчестер сити, а статистиката покажува дека Савиќ во двомечот, за околу 200 минути игра, немал направено ниту еден фаул.
Савиќ беше бескомпромисен, но и „чист“ во стартовите, па судиите не досудија ниту еден негов фаул во ова тврдо и тензично четвртфинале. Сепак, тој е еден од главните виновници за инцидентот пред крајот на средбата бидејќи нервозно и на сила се обиде да го крене Фоден, кој беше покосен од Фелипе.
Тогаш атмосферата зовре, Фелипе беше исклучен, иако Савиќ најмногу придонесе за хаосот и мешаницата. Савиќ беше еден од највоинствените и по мечот, во инцидентот во тунелот додека двата тима заминуваа кон соблекувалните.
Еве како Савиќ реагираше кон Фоден и го расипа тоа што не направи ниту еден фаул против Граѓаните:
Stefan savic and filipe are mad men😭🤣 pic.twitter.com/Wh0kZUhZTD
— 🃏 사무엘 #EndSars 🇳🇬🇯🇲 (@djzee_couture) April 13, 2022