Неверојатно: Втор секс скандал во Ајакс во рок од седум дена

Довчерашниот спортски директор на Ајакс, Марк Овермарс пред само неколку дена беше избркан од клубот поради праќање на колешките на непримерни пораки со сексуална содржина.

Денеска се појави уште една ваква вест од холандскиот велика, а станува збор за младиот фудбалер Дони Вормердам, кој што е обвинет за силување.

19-годишна девојка тврди дека пред шест месеци била силувана од овој фудбалер, кој игра за вториот тим и за тоа има видео материјал и слики, а инцидентот го пријавила во полиција.

Ова не се добри вести за Ајакс кој изминативе денови е во центарот на внимането на европската јавност, но не по фудбалските моменти.

- Оглас -

Најнови вести