Срамен крај за легендата Овермарс во Ајакс, го отпуштија поради сексуално малтретирање

Некогашниот репрезентативец на Холандија и ексчлен на Ајакс, Арсенал и Барселона, Марк Овермарс, кој цела деценија ја вршеше функцијата спортски директор на Ајакс, доби отказ од клубот.

Овермарс направил голем скандал, на колешките им испраќал непримерни пораки со сексуална содржина. Овермарс се извини за постапката, но дамката останува.

„Се срамам. Не забележав дека ја преминав границата, тоа ми стана јасно дури последниве денови. Се извинувам, за некој на моја позиција тоа не е прифатливо однесување. Сега е доцна да кажам што било, не гледам друго решение освен да го напуштам клубот. Ова ќе има влијание врз моето семејство и би замолил да бидеме оставени на мир“, изјави Овермарс, кој е оженет од 2013 година и има две деца.

 

- Оглас -

Најнови вести