Невиден автогол – немање среќа или фудбалско незнаење? (Видео)

На дуелот помеѓу чилеанските второлигаши Фернандес Вијал и Реколета, кој заврши со победа на гостите од 3-1, првиот гол падна во 25-тата минута и предизвика големо внимание, но и чудење кај сите што го видоа. Нема логично објаснување за тоа што го направија голманот, а особено дефанзивецот на Фернандес, Вијал.

Трагичарот е Бибенсио Сервин, кој си даде автогол каков што не е виден досега. По грешката на голманот, тој многу неумешно се обиде да ја исфрли топката во корнер, а дали и ветерот му помогна, топката неочекувано заврши во голот.

Погледнете го автоголот кој долго ќе се памети:

- Оглас -

Најнови вести