Невиден подвиг – Чатер стартуваше како 41. и успеа да победи на спустот во Вал Д`Изер

Словенецот Мартин Чатер приреди невиден подвиг и победи на спустот во Вал Д`Изер и тоа со стартна позиција број 41, што е еден од најголемите успеси во историјата на оваа дисциплина.

Чатер ја мина целта со време од 2 минути, 4 секунди и 67 стотинки, пред Австриецот Отмар Штридингер, киој доцнеше за 22 стотинки.

На третото место заврши Швајцарецот Урс Криенбул со заостанување од 27 стотинки.

На сензационалниот победник му се погоди и времето во Вал Д`Изер, а стартуваше кога се појави и сонце со што патеката стана побрза и му помогна да победи.

До овој успех најдобар пласман во кариерата на Чатер му беше шестото место во комбинација во Венген на ланската трка.

- Оглас -

Најнови вести