-2.2 C
Skopje
сабота, 10 јануари 2026

Невил: „Мартинели е идиот. Изненаден сум што никој од Ливерпул не го удри“

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед и селекцијата на Англија, а сега фудбалски експерт, Гари Невил, остро го критикуваше однесувањето на крилниот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели, на натпреварот против Ливерпул.

Кон крајот на дербито, Мартинели предизвика инцидент, откако прво ја фрли топката кон повредениот дефанзивец на Црвените, Конор Бредли, а потоа се обиде да го истурка противникот надвор од теренот.

„Не смееш да го турнеш од теренот. Не можеш да го правиш тоа, идиоту. Навистина е грубо. Изненаден сум што играчите на Ливерпул не дојдоа да го удрат. Мислам дека треба да се извини. Дури и ја фрли топката кон него. Тоа едноставно не е во ред. Конор беше изнесен од теренот на носилки, тоа е тажна глетка. Апсолутно сум бесен на Мартинели. Срамота е“, рече Невил.

Мартинели подоцна објави признание на социјалните мрежи дека се однесувал несоодветно и дека лично му се извинил на Бредли.

„Конор и јас разменивме пораки и веќе му се извинив. Навистина не сфатив дека е сериозно повреден во оваа ситуација“, напиша Мартинели на својот профил на социјалните мрежи. „Исто така, би сакал да кажам дека длабоко жалам за мојата реакција. Му испраќам најдобри желби на Конор и се надевам на негово брзо закрепнување“.

- Оглас -

Најнови вести