Незамислива драма: Со гол во 94-та минута Свети Николе доби милионер!

Викенд за памтење имаше еден обложувач во Sport Life од Свети Николе, кој од денеска е новиот милионер во Македонија. На тикет уплатен вчера, само со шест погодени натпревари, успеа да добие ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ. Очигледно дека обложувачот имал голема верба во одбраните мечеви, па решил да вложи 850 денари.

Се работи за натпревари кои не се од Топ-5 лигите, но донеле среќа. Тактиката била иста, игра на победа на фаворитот и на крајот да има барем три гола. Два меча се од германската Цвајте (втора лига), а Дармштад со 3:1 го победи Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт немаше проблеми и убедливо со 6:0 го растури Нирнберг на гости.

Норкопинг даде три гола и тоа беше доволно за сигурен триумф од 3:0 против Ѓургарден во шведското првенство. Дури три меча се од норвешкиот шампионат. Бодо/Глимт го растури Хаугесунд со 6:1, а ист беше случајот и на дуелот Кристијансунд против Алесунд, на кој домаќините победија со убедливи 7:2.

Од милионскиот тикет, драма се случувало на мечот меѓу Бран и Викинг. На полувреме беше 0:0, а веќе во 62-рата минута беше 2:0 за домаќините. За да биде добитна прогнозата, фали само уште еден гол за да биде 3+. Во 79-тата минута беше досуден пенал за гостите, но утнаа.

Се играше 94-тата минута, кога домаќините изведоа контранапад, Хустад постигна гол за конечни 3:0 и за добитен тикет од ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ на обложувачот во Свети Николе. Ова е втора милионска добивка во Sport Life за помалку од 10 дена. Минатиот викенд 1.000.000 денари освои обложувач во Драчево. Неговиот тикет може да го погледнете ТУКА.

ТОА ГО МОЖЕ SPORT LIFE, КОМБИНАЦИЈА НА МЕЧЕВИ ВО ЖИВО И УШТЕ НЕЗАПОЧНАТИ ДОНЕСОА РАДОСТ ВО ДЕЛЧЕВО

Sport Life е позната како обложувалница која нуди најголема понуда за играње, но и најмногу опции, па затоа не е проблем да се „врзе“ тикет од мечеви кои се веќе започнати и натпревари кои уште не стартувале. На еден такот тикет, играч од Делчево успеа да добие 233.313 денари.

Вкупно девет натпревари има на тикетот, од кои три се веќе започнати, но не е проблем да се комбинираат со сите останати дуели. Филозофијата била едноставна. Сите дуели да завршат со 3+, а тоа и се случи, па една убава добивка замина во градот на истокот од Македонија.

Овие тикети, но и уште многу други покажуваат дека среќата може во секој момент да ви се насмевне и затоа ИГРАЈТЕ ВО SPORT LIFE.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести