Вреден ризик: Драчево доби нов милионер

Викендот, кој по подолг период беше проследен со богат избор на фудбалски натпревари за обложување, донесе фантастична добивка од еден милион денари во Драчево. Храбриот обложувач ризикувал со уплата од 10.450 денари на 11 парови, но ризикот му се исплати.

Повеќето парови ги типувал со играта да има најмалку по еден гол во двете полувремиња, а се обложил на мечеви од шампионатите во Србија, Австрија, Чешка, Турција, Шведска. Нервозата беше присутна уште со првиот меч од тикетот, меѓу Инџија и Војводина. Домаќините погодија за 2-0 дури во последната минута од регуларните 90 за да има по еден гол во двете полувремиња, додека секако не пропуштил да стави сигурна победа на Реал Мадрид против Ејбар.

Токму по триумфот на Кралевите, како и победата на Салцбург против ЛАСК, обложувачот од Драчево почна да се радува на милионот.

ПРИЗНАВАМ САМО „КЕЦ“ И „ДВОЈКА“

Обложувач од Ресен си го разубави викендот со сочната добивка од 93.657 денари откако погоди 12 парови. Со уплата само од 30 денари, обложувачот нареди пет „кеца“ и седум „двојки“ на тикетот, без многу комплицирање стратегијата очигледно му се исплати.

Најнеизвесен беше дуелот меѓу Мепен и Халешер од третата лига на Германија, каде што обложувачот чекаше триумф на гостите при највисока квота на тикетот 2.80. Гостите водеа со 1-0 по првите 45 минути, Мепен сврте на 2-1 до 64-тата минута, но веќе во следните пет минути Халешер на двапати погоди за конечни 3-2.

И СО ДВОЗНАЦИ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА

Топ-тикет во Sport Life за овој викенд има и во Неготино. Обложувачот со влог од 150 денари си доби 98.785 денари. Добитниот тикет не помина без „зицерите“ Реал Мадрид и Салцбург, додека останатите парови се типувани со двознак 1X и играта на голови.

Неизвесно беше на дуелот Рапид Виена – Волфсбергер, кој заврши со 2-1, каде што беше потребен гол на домаќините за да се стигне границата од минимум три погодоци на средбата. Рапид дури во 87-мата минута погоди за триумф.

На гол во финишот од средбата се чекаше и меѓу Кадис и Рајо Валјекано, домаќините за конечни 1-1 израмнија во 85-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести