Незамисливо: Во САД постои спортист кој продава повеќе дресови од Лео Меси?!

Лионел Меси со своето пристигнување во САД, во екипата на Интер Мајами, предизвика вистински бум. Популарноста на фудбалот, или сокерот како што го нарекуваат Американците, се издигна на едно повисокот ниво, а беа продадени дури 700.000 дресови од Меси.

Сепак, оваа бројка е далеку од онаа што ја има еден друг спортист од САД, исто фудбалер, но од „нивниот“ фудбал. Се работи за Џејлен Хартс од екипата на Филаделфија иглс, кој има продадено над милион дресови во истиот период како и Меси. Американскиот фудбалер е меѓу најпопуларните спортови во САД, а квотербекот на Филаделфија е вистинска ѕвезда иако има само 25 години.

- Оглас -

Најнови вести