6 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Незапамтен хаос на фудбалскиот терен заврши со 17 црвени картони, полицијата употреби и солзавец да ги смири завојуваните (Видео)

Четвртфиналниот натпревар од Купот на Боливија помеѓу Реал Оруро и Блуминг ќе се памети по неверојатните сцени и 17 црвени картони што ги покажа судијата по неговото завршување.

Средбата заврши 2:2, а на крајот Блуминг оди понатаму со вкупен резултат 4:3 во два натпревари и се пласираше во полуфиналето на Купот на Боливија. Сепак, тоа по што ќе се памти овој меч е она што се случи по последниот свиреж на судијата.

На теренот настана хаос и тепачка меѓу играчите, тренерите и персоналот. Фудбалерите на Оруро беа бесни затоа што не успеаја да се пласираат во полуфиналето, а сè беше „разгорено“ од нивниот играч Себастијан Зебалос, кој започна тепачка со противничките играчи.

Зебалос се ослободи и почна да ги удира противничките играчи, а неговиот соиграч Хулио Вила веднаш му се придружи и ја продолжи тепачката. Во исто време, тренерот на тимот Марсело Робледо го нападна тренерот на Блуминг.

Настана невиден хаос, беа употребувани тупаници и клоци, а на крајот имаше и повредени. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја смири ситуацијата.

На крајот, сето тоа резултираше со дури 17 црвени картони. Боливиските медиуми објавија дека веднаш е покрената истрага од страна на Спортскиот дисциплински суд во Боливија за понатамошна постапка. Еден од членовите на тренерскиот штаб на Блуминг претрпел фрактура на јаболчницата од удар на противникот.

- Оглас -

Најнови вести