Шефилд јунајтед постави нов негативен англиски рекорд и стана првиот премиерлигаш кој примил пет или повеќе гола на четири домашни мечеви по ред.
Она што е лошо, вечерва пет парчиња примија уште во првото полувреме против Арсенал, па катастрофата може да биде уште поголема ако Топчиите тргнат да постават рекордна победа. Досега не се случило на премиерлигашки меч еден тим да даде десет гола, рекордна победа е 9-0.
Арсенал е во форма, ги доби сите лигашки меча во 2024 година и на тие седум меча досега има дадено дури 30 гола, бројка која може да порасне во второто полувреме во Шефилд.
Фановите на Шефилд не можеа да го поднесат ова што се случува, па уште во 15-тата минута, кога гостите од Лондон поведоа со 3-0, почнаа да ги напуштаат трибините и да заминат дома.
https://twitter.com/i/status/1764747567223521387