Незгодно – Лисиците му пееја на менаџерот: Сабајле ќе те сменат (Видео)

Брендан Роџерс е на прагот на отказ во Лестер, барем според мислењето на голем дел од навивачите на Лисиците кои бараат тој да си замине.

Вчеравечер во Лига купот Лестер едвај го победи четвртолигашот Стокпорт, и тоа на пенали, а официјално во регуларен дел сè уште немаат победа во новата сезона.

Во Премиер лигата стартуваа со два порази и реми и имаат само еден бод по три кола, што не соодвествува со квалитетот на тимот во којшто играат класа фудбалери од калибарот на Варди, Барнс, Медисон, Тилеманс, Фофана…

Незадоволни од играта и против Стокпорт вчера, симпатизерите на Лестер му скандираа на Роџерс: Сабајле ќе те сменат.

https://twitter.com/TFWhistle_/status/1562199501103714306?s=20&t=AOoL7D_sADlkizXtzdG1kQ

Дел од играчите на Лестер се многу барани во овој трансфер-период, а меѓу нив се Фофана, за кого Лисиците одбија понуда од 70 милиони фунти од Челзи, потоа Тилеманс, за кого е заинтересиран Арсенал, и Медисон, за кого има интерес од повеќе клубови, а сите вредат над 50 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести