Екипата на Мајами долфинс го растури Денвер бронкос со 70-20 и ова е историски резултат бидејќи во НФЛ-лигата во американски фудбал цели 57 години не беше видено некој тим да постигне 70 поени на еден натпревар.
Ако се знае дека еден тачдаун со додаден поен од шут вреди 7 поени, со фудбалски речник кажано испаѓа дека Мајами постигнал дури 10 гола. Во НФЛ-лигата најголем дел од тимовите имаат одиграно по три меча, а многу од нив на трите меча заедно уште немаат дојдено до бројка од 70 поени.
Рекордот на НФЛ по број на поени за тим на еден меч од регуларна сезона го држи Вашингтон редскинс, кој имаше 72 поени на меч против Њуорк џајантс во далечната 1966 година.
Ова е десеттиот и последен тачдаун на Делфините, со кој се запишаа во историјата:
https://twitter.com/i/status/1706037805821124728