Американскиот фудбал, односно НФЛ шампионатот ја одржа првата рунда на драфот за наредната сезона и тоа преку видео линк. Планирано беше драфтот да се одржи во Лас Вегас, но поради пандемијата од Коронавирусот, решено беше целиот драфт да се направи со помош на видео линк.
Со овој начин на избирање на играчите, беше забележан пораст од 37 отсто на гледаноста во однос на минатата година. Вкупно 15,6 милиони луѓе го гледале изборот на драфот, што е убедлив рекорд. Претходниот рекорд на најголема гледаност беше пред шест години, кога имало 12,4 милиони гледачи.
Изборот на новите американски фудбалски ѕвезди помина без ниту еден технички проблем, а можеше да се следи на сите најголеми телевизиски мрежи во САД. Како прв пик на драфтот за 2020 година беше избран квотербекот од универзитетот Луизијана, Џо Бароу.
Huge TV numbers last night: Round 1 of the NFL Draft had a record of 15.6 million viewers. The previous high was 12.6 million.
— NFL Update (@MySportsUpdate) April 24, 2020