39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Нгану брутално го претепа Фереира, па победата му ја посвети на починатиот син (Видео)

Камерунскиот борец Френсис Нгану го нокаутираше Бразилецот Ренан Фереира после само 38 секунди борба во октагонот на ПФЛ настанот во Ријад, Саудиска Арабија.

За Нгану, ова беше прв меч од јануари 2022 година наваму. Тој победата му ја посвети на починатиот син Коби, кој почина во април годинава на возраст од само 15 месеци.

„Не можам да размислувам за ништо друго освен за син ми Коби. Знаете, се борев само за него, оваа победа е за него. Се надевам дека сите ќе можат да се сетат на неговото име, бидејќи да не беше тој, немаше да бидам ни јас овде“, изјави Нгану.

- Оглас -

Најнови вести