Ни бек, ни голман, офсајд ја сопре серијата на Крамариќ

Андреј Крамариќ не успеа да се приклучи во супер друштвото на Лионел Меси и на Кристијано Роналдо со серија од 10 меча по ред на кои постигнувал гол, а ја промаши шансата против Борусија Менхегладбах.

Мечот меѓу Хофенхајм и Борусија заврши без голови, а Крамариќ ја погоди мрежата на гостите, но голот му беше поништен поради офсајд.

Хрватскиот репрезентативец имаше блескава серија од 9 меча со постигнат гол, а пред него се само Меси и Роналдо со „десетки“.

На Меси тоа му успеа двапати во кариерата, а Роналдо успеа само еднаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести