26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Ни гостуваше како селектор на Бугарија, следниот месец доаѓа како предводник на Казахстан

Србите Младен Крстајиќ и Милиќ Чурчиќ се главни кандидати за преземање на селекторската функција во националниот тим на Казахстан.

Казахстанците на 13-ти октомври гостуваат во Скопје во меч од квалификациите за СП 2026, а три дена порано го пречекуваат Лихтенштајн.

Со Крстајиќ немаме убави спомени, пред три години ни дојде како селектор на Бугарија и тој меч заврши 0-1.

Казахстан го замени Али Алиев по дебаклот од 0-6 на гости против Белгија.

Портпаролот на Фудбалската федерација на Казахстан, Џермухамед Маулен, беше гостин во подкаст, и откри дека имало разговори со агенти од Србија и дека меѓу понудените тренери е и поранешниот селектор на Србија и Бугарија, Крстајиќ.

„Вчера разговарав со фудбалски агенти од Србија. Ги разгледавме критериумите, бараме тренерот да бил селектор и да биде под 55 години, па ни ги предложија Младен Крстајиќ и Милиќ Чурчиќ. Чурчиќ добро го познава казахстанскиот фудбал, зборува англиски, ги знае напамет играчите како Оразов, Асранкулов, Чесноков… Крстајиќ е одличен кандидат. Неговата плата  е 300.000 долари годишно“ – откри Маулен.

 

- Оглас -

Најнови вести