Гром не го бие рускиот јунак – Преживеа хорор и се врати на теренот со прв професионален договор со најстариот клуб во земјата (Видео)

Младиот шеснаесетгодишен Иван Заборовски, кој е голман во тимот на Знамја Труда доживеа страшна несреќа на почетокот на месецов, кога на тренинг беше погоден од гром.

Тинејџерот настрада на теренот во московскиот регион Орехово-зуево, а глетката беше страшна. Иван веднаш беше лекарски згрижен, но информациите велеа дека лекарите се борат да го спасат неговиот живот.

Само по дваесеттина дена се случи чудо и Иван се врати на тренинг, а клубот го награди со прв професионален договор.

Иако не е познат како клуб од елитното натпреварување во Русија, Знамја Труда може да се пофали дека го има приматот на најстар активен клуб во земјата. Знамја Труда постои веќе 110 години.

- Оглас -

Најнови вести