Фудбалерите на Партизан како и многу други од балканските простори, периодов се на подготовки во Турција, поточно во Белек во близина на Анталија, а таму со „црно-белите“ е и Такума Асано, кој пред неколку месеци потпиша за белградскиот клуб. Бидејќи е еден од подобрите играчи, новинарите кои се заедно со Партизан во Турција, се обидоа да му направат интервју, но не одеше лесно.
Асано не знае странски јазик, а српските новинари не знаат јапонски. Се обидоа некако со помош на технологијата да комуницираат со Јапонецот, и погледнете како изгледаше тоа, обидот беше неуспешен, никој не можеше да престане да се смее: