Ни Коронавирус не ги плаши шампионите – Со поддршка од публиката Вардар оди на победа против Монпелје

Вардар ќе го игра последниот меч во фазата по групи, денеска против Монпелје од 17.30 часот, а раководството на европскиот првак соопшти дека очекува и публика и поддршка од своите симпатизери во обидот да се забележи победа.

Црвено-црните наспроти препораките на Владата на Република Македонија, одлучија да ги отворат портите на салата „Јане Сандански“ во Аеродром, па ќе имаат и осми ракометар од трибините.

Со евентуална победа на европскиот првак и пораз на Порто во Брест од Мешков, би довел до интересна ситуација и голем пресврт во целата ситуација.

Варијанти има многу, а победата на Вардар може да му ги донесе во осминафиналето за ривали и Алборг и Фленсбург и Пик Сегед.

Македонскиот претставник го победи францускиот тим на гости во првиот меч од сезоната со 33:31, но сега ситуацијата во Вардар е ,многу посложена, поради беспарицата и заминувањето на неколку ракометари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести