Мајорка приреди изненадување во Ла Лига со победа од 1:0 против Реал Мадрид и речиси го отпиша Кралскиот клуб од трката за титулата.
Гостите од Мадрид одиграа многу слаб меч и заслужено загубија од Мајорка. Се пкажа дека ниту најтрофејниот клуб во Европа нема моќ да прегрми меч на кој си постигна автогол и промаши пенал.
Во 13. минута Начо Фернандес сам си ја затресе мрежата, па Мајорка поведе со 1:0 и успеа да ја сочува до крајот на мечот.
Реал Мадрид пристигна на Палма со многу проблеми и без неколку повредени играчи, а на еден час пред мечот отпадна и голманот Куртоа, па во тимот ги немаше и Бензема, Милитао, Азар, Менди и Лукас.
Кралевите имаа шанса да се вратат во мечот, но Асенсио промаши пенал, односно ударот од белата точка му го одбрани српскиот репрезентативец Рајковиќ.
Rajković saves Asensio’s penalty!#RCDMallorcaRealMadrid
— Reyi (@Reinaldodcg9) February 5, 2023
Со поразот Реал остана на второто место во Ла Лига со 45 бода, пет помалку од лидерот и вечен ривал Барселона, а Каталонците имаат одиграно еден натпревар помалку. Мајорка е десетта со 28 бода.
Утре Реал Мадрид ќе патува за Мароко за да го одигра полуфиналето на Светскиот клупски куп против Ал Ахли.