Ни самиот не знае што направи – Внукот на Луис Боа Морте ја има утката на годината (видео)

Аилтон Боа Морте ни самиот не знае како успеа да утне чист гол на празна мрежа од еден метар, но промашувањето за среќа не влијаеше на конечниот исход на мечот меѓу Фамаликао и Портимоненсе.

Гостите победија со 1:0 и останаа во трката за опстанок во португалската Прва лига, но ќе се памети епската утка на играчот на гостите.

Аилтон, кој е внук на познатиот ас Луис Боа Морте, беше непрецизен во 43-тата минута од еден метар и тоа сам пред празната мрежа на Фамаликао, но, за негова среќа, Ваз Те погоди во 17-тата минута за победа на гостите.

Утката на играчот на Портимоненсе можете да ја погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести