Струга Трим Лум загуби дома од исландскиот првак Брејдаблик со 0-1, па во реваншот кој ќе решава за патникот во групната фаза во Конференциската лига, Исланѓаните влегуваат со предност.
Македонскиот шампион без суспендираниот Радески не успеа да постигне регуларен гол (постигнаа еден, ама беше поништен по прегледување на снимка со ВАР-технологијата), а во финишот на денешниот меч во Охрид, црвен картон доби Згуро, па стружани и на возвратниот дуел ќе бидат некомплетни.
Голот за Брејдаблик падна во првото полувреме. Во второто полувреме дуваше силен ветер кој им помагаше на домашните, но и топката тешко се контролираше на моменти и исландскиот голман остана несовладан.