Ниедни навивачи во Европа не се верни како тие на Ленс

Екипите на Ленс и Олимпик Лион одиграа без голови, па навивачите разочарани си заминаа од стадионот „Болар Делели“, кој повторно беше исполнет до последното место. Ленс е тим кој ќе се бори за место кое води излез во Европа, а токму домашниот терен им е посебен адут.

Навивачите на овој клуб се меѓу најверните во Европа. Стадионот „Болар Делели“ има капацитет од 38.223 гледачи, што е 5.500 повеќе од популацијата во градот Ленс. Иако стадионот е со поголем капацитет од самиот град, Ленс има неверојатна поддршка од трибините.

На дуелот против Лион, овој стадион по 51-ви пат по ред беше исполнет до последно место. Иако не е со огромен капацитет како на европските гиганти, ретко кој тим во Европа може да се пофали дека константно толку време има исполнети трибини.

- Оглас -

Најнови вести