Нигерискиот офанзивец Ибрахим Олаосебикан е најновото засилување за актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар. Фудбалерот со најтрофејниот македонски клуб потпиша договор на две сезони.
25-годишниот Нигериец во Вардар доаѓа од екипата на АП Брера, за која минатата сезона настапи на 33 натпревари во првенството и во Купот на Македонија, со ефект од два гола и четири асистенции.
Олаосабикан претходно во својата кариера има настапувано за литванските Хагелман и Судува, додека во татковината го носел дресот на Реал Сафир.