Нико Гонзалес потпишува за Јувентус

Јувентус и Фиорентина постигнале договор за трансферот на крилниот напаѓач Николас Гонзалес во торинскиот клуб. Вредноста на трансферот изнесува околу 38 милиони евра, а се очекува Гонзалес да потпише петгодишен договор со Јувентус, со годишна плата од 3,6 милиони евра, тврдат италијанските медиуми.

26-годишниот фудбалер е и репрезентативец на Аргентина, со 39 настапи, пет гола и три асистенции.

Гонзалес помина три години во Фиорентина откако пристигна од Штутгарт за 24,5 милиони евра. За клубот одигра 125 натпревари, постигнувајќи 38 голови и 19 асистенции.

Јувентус има планови да ангажира уште еден крилен напаѓач и постигна договор и со Порто за купување на Франциско Консеисао, а води преговори со Манчестер Јунајтед и за Џејдон Санчо.

- Оглас -

Најнови вести