Нико Ковач е многу лут: Овој стадион е за голф, а не за фудбал

Борусија Дортмунд не успеа да се пласира во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако со 2:3 загуби од Реал Мадрид на мечот кој се играше во Њу Џерси. Реал поведе со 2:0 во првите 20 минути, а потоа во финишот односно во судиското надополнување на второто полувреме беа постигнати уште три гола за Кралскиот клуб на крајот да се радува на пласман во полуфиналето.

По средбата, тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач беше разочаран од условите, односно од теренот на кој се играше.

„Ова повеќе личи на голф игралиште. Тоа не е трева на која сме навикнати да играме во Бундеслигата, ниту на другите терени во Европа. Како што сами видовте, теренот не беше доволно наводнет. Немаат системи за такво нешто. Ова беше многу тврд и сув терен“, беше забелешката од Ковач.

 

- Оглас -

Најнови вести