Аргентинецот Нико Гонзалес ќе игра за Фиорентина во следните пет години, откако веќе потпиша договор со Виолетовите. Моментно 23-годишниот репрезентативец на Гаучосите се наоѓа во Бразил на Копа Америка, а по враќањето се сели во Италија од редовите на Штутгарт.
Нико беше еден од најдобрите играчи на Штутгарт и втор стрелец на тимот во минатата сезона со шест погодоци.
https://twitter.com/ACFFiorentinaEN/status/1407685006823243779?s=20
Заминувањето на напаѓачот на Штутгарт ќе отвори повеќе простор за Дарко Чурлинов, нашиот најмлад репрезентативец што настапи за Македонија на Европското првенство.