Никогаш не било потажно во „Стејплс Центар“, последно збогум за Коби Брајант (Видео+Фото)

Лос Анџелес лејкерс против Портланд го игра првиот меч во „Стејплс центар“ по трагичната смрт на Коби Брајант. Кошаркарот кој 20 години играше во дресот на Лејкерс, во неделата трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа. Заедно со Коби загина и неговата ќерка Џијана и уште седум други луѓе.

Коби никогаш нема да биде заборавен, а неговиот клуб вечерва пред почетокот на дуелот со Портланд му приреди неверојатно испраќање од кошаркарскиот терен. Никогаш не била потажна атмосферата во „Стејплс центарот“ од тоа како е сега.

- Оглас -

Најнови вести