Голманот Ремко Пасвер на 38-годишна возраст дебитира за репрезентацијата на Холандија, која по 65 минути игра има водство од 2:0 против Полска.
Чуварот на мрежата на Ајакс, кој брани одлично сезонава, доби заслужен повик и досега ја оправдува довербата на селткторот Луис ван Хал.
Холандија води со головите на Коди Гакпо во 14-тата минута и Стивен Бергвајн во 60-тата минута.