Историски момент во аргентинскиот фудбал се случи ноќеска на мечот меѓу Колон и Алдосиви, а за првпат беше употребена ВАР технологијата во најсилната лига на двојните светски прваци.
Судијата Ламолина е првиот арбитар што ја користеше модерната технологија во аргентинското првенство и не погреши во 16. минута.
Десниот бек на Колон во интересна ситуација играше со рака и Ламолина не досуди веднаш пенал, туку доби иснтрукции од ВАР собата да го провери моментот.
Потоа покажа на белата точка, а Алдосиви поведе со 1:0 на гости, а потоа славеше со конечен резултат од 3:1.
[Copa LPF] Last night, VAR made a historical first intervention in Argentinian football. A PK was awarded to Aldosivi. from soccer
ВАР системот оддамна функционира во многу земји, сега се приклучи и Аргентина, а модерната технологија ја нема во македонскиот фудбал.
Воопшто нема ниту најава дека тоа би можело да се слули во блиска иднина, па нашата Прва лига останува една од ретките што не ја користи модерната технологија во фудбалот.