38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Никој како Дембеле…Тоа во ПСЖ не им успеа ниту на Мбапе, Кавани, Ибрахимовиќ

Осман Дембеле го запиша своето име во историјата на Пари Сен Жермен, постигнувајќи два последовни хет-трика во рок од една недела.

Прво, тој реализира три гола при победата со 4-1 против Штутгарт во Лигата на шампионите, а потоа го повтори истото достигнување во Лига 1, придонесувајќи за триумфот од 2-5 против Брест.

Ова достигнување е уникатно во историјата на клубот, бидејќи дури ни легендарните напаѓачи како Килијан Мбапе, Единсон Кавани и Златан Ибрахимовиќ не успеале да постигнат два последовни хет-трика во дресот на ПСЖ.

По натпреварот против Штутгарт, Дембеле ја изрази својата благодарност кон соиграчите.

„Треба да му честитате на тимот, а особено на соиграчите за асистенциите. Бидејќи кај првиот гол, сè што требаше да направам беше да ја насочам топката. А кај третиот, додавањето беше неверојатно“, изјави Мбвапе.

Со овие импресивни настапи, Дембеле ја зацврстува својата клучна улога во нападот на ПСЖ и демонстрира исклучителна форма оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести