Никој како Халанд, најбрзо стигна до 300 голови во кариерата

Напаѓачот на Манчестер сити, Норвеѓанецот Ерлинг Халанд, синоќа против Јувентус го постигна својот 300-ти гол во кариерата и стана рекордер по брзината со која стигнал со ваква бројка.

Халанд кој има 24 години, до 300 гола дојде на само 370 меча во кариерата. Од тое 300 погодоци, 123 се во дресот на Сити, 86 даде за Борусија Дортмунд, 42 за репрезентацијата на Норвешка, 29 за Салцбург и 20 за Молде.

На Килијан Мбапе му требаа 409 меча за да дојде до 300 голови, на Лионел Меси 418 мечеви, а на Кристијано Роналдо кој е прв стрелец во историјата, му требаа дури 554 меча за 300-тиот гол во кариерата.

Пресметано е дека ако Халанд продолжи со ова темпо да ги полни противничките мрежи, во 2041 година би можел да дојде до бројка од 1.000 голови во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести