32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Никој не е како Барселона во Топ 5 лигите во Европа

Барселона полека влегува во победнички ритам. Каталонците конечно славеа на гости и тоа во Мадрид против Хетафе, што е нивни прв успех надвор од „Камп Ноу“ сезонава во Примера дивисион. Луис Суарес погоди за водство од 1:0 пред крајот на првото полувреме, а потоа погоди и дефанзивецот Фирпо Жуниор.

Со голот на Бразилецот, Барселона комплетираше листа од 10 различни фудбалери кои сезонава погодија во Примера. Ниту еден друг тим не само во Шпанија, туку во Топ 5 лигите не може да се пофали дека има 10 различни стрелци во новата сезона.

Да биде уште поинтересно, во листата на стрелци кај Барселона уште се нема запишано најдобриот стрелец во историјата на клубот и на Примера дивисион, Лионел Меси. Аргентинецот пропушти најголем дел од мечевите поради повреда, а не играше ни против Хетафе.

 

- Оглас -

Најнови вести